МИ2026: Консевиќ освои бронза, петти медал за македонските спортисти

Македонската борачка Вероника Консевиќ со успех го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто, освојувајќи го вчера бронзениот медал.

Консевиќ имаше успешен настап во борбата за бронзениот медал во категоријата до 57 килограми, триумфирајќи над Милица Перовиќ од Србија на поени со 7-5.

За македонските спортисти ова е петти медал на Медитеранските игри чиј домаќин до 3 септември е италијанскиот град Таранто.

На третиот натпреварувачки ден, во понеделникот, борачите Фати Вејсели и Реџеп Хајдари освоија сребрени, а Ахмад Магомедов бронзен медал.

Претходно денеска, успешен старт во рингот имаше и боксерот Ален Рустемовски, кој обезбеди најмалку бронзен медал во категоријата до 60 килограми, совладувајќи го во четвртфиналето Албанецот Ариол Зенели.

Противник на Рустемовски во денешното полуфинале ќе биде Шпанецот Марин Ернандез.


Статијата е прочитана 70 пати.

Сподели:


Видео: 30 години Агенција Марили

30 години јубилеј на агенција „Марили“

Охридско лето 2026

kb

oxxete