„Технолаб“ ДОО Скопје - 25 години лидер во заштита на животната средина и безбедност при работа

Интервју со Магдалена Трајковска-Трпевска, основач и генерална менаџерка на „Технолаб“ ДОО Скопје, во кое говори за 25-годишниот јубилеј и успешната работа на компанијата која е лидер во заштитата на животната средина, безбедност при работа и лабораториски испитувања во животната и во работната средина. 

...„Во 2008 година го имплементиравме основниот систем за квалитет на лабораториите за тестирање ISO 17025, со што станавме првата акредитирана лабораторија во Република Македонија за вршење на испитувања во животна и работна средина. Секако дека не застанавме тука - усовршувањето и развојот на лабораторијата на “Технолаб“ се одвива континуирано и паралелно и во делот на теренската и во делот на аналитичката лабораторија. Денес, после 25 години посветена работа, со особена гордост може да се пофалиме дека лабораторијата на Технолаб има најголем број на акредитирани методи за тестирање во животна и работна средина и е првата од овој вид за испитувања во животната средина со имплементирани барања на техничката спецификација за мерење на емисија на загадувачки супстанции од стационарни извори МКТС CEN/TS 15675:2009“, вели сопственичката и генерален менаџер на „Технолаб“, Магдалена Трајковска-Трпевска. 

Денес, своите активности „Технолаб“ ги извршува преку следните 4 сектори: Консалтинг во животна средина, Консалтинг за безбедност и здравје при работа, Акредитирана лабораторија за тестирање во животната и работната средина (теренска и аналитичка) и Едукативен тренинг центар.

 МАРИЛИ: Годинава одбележувате 25-годишен јубилеј. Да се навратиме на почетоците. Како почна креирањето на сопствениот бизнис во оваа дејност, колку храброст и претпремачки дух Ви беа потребни во тоа време?

ТРАЈКОВСКА ТРПЕВСКА: Кога се враќам наназад, се потсетувам на многу работи, но сепак морам да истакнам дека заштитата на животната средина и безбедноста при работа станаа моја животна определба уште со моето прво вработување во поранешниот Рударски институт-во секторот за животна средина и безбедност при работа. Мојата работа како хемиски инженер, а подоцна и магистер по хемиски науки, беше насочена пред се кон лабораториските испитувања кои се основа за изработка на квалитетни проекти во делот на заштита и унапредување на воздухот, водите, почвите, работните услови  и безбедноста и здравјето.

Мојата посветеност кон унапредување на квалитетот на животната и работната средина беше основната причина и поттик пред 25 години  да зачекорам по сопствен пат и да формирам своја фирма. Така, во 2000 година ја формирав ТЕХНОЛАБ како приватна компанија со основна дејност работа на проекти од областа на заштита на животната средина и безбедност при работа во чии рамки влезе и сопствената лабораторија за испитување на медиумите и областите на животната и работната средина.  Развојот на Технолаб како компанија ги следеше потребите и барањата на нашите клиенти, но исто така и мојата сопствена визија за компанија која ќе нуди услуги со највисок квалитет согласно меѓународно прифатените стандарди. Имајќи го сето ова во предвид и перцепирајќи ги потребите на пазарот, полни со ентузијазам  започнавме со развој на нашата лабораторија за испитувања во животна и работна средина, со особен акцент на делот за мерење на емисии во воздухот.

Како и секој почеток во сферата на приватниот бизнис, и нашиот не беше ослободен од голем број предизвици, но бевме решени да гледаме само напред, со фокус на иднината. Во текот на петтата година од формирањето, преку имплементацијата на ISO 9001, „Технолаб“ започна со воведување на системите за квалитет во работењето, а оттука произлезе и идејата за дополнително воведување на други системи за квалитет, со кои гарантираме висок перформанс и компетентност во текот на целиот процес на давањето на нашите услуги.

Со многу вложен труд и тенденција за постојан развој, во 2008 година го имплементиравме основниот систем за квалитет на лабораториите за тестирање ISO 17025, со што станавме првата акредитирана лабораторија во Република Македонија за вршење на испитувања во животна и работна средина. Секако дека не застанавме тука - усовршувањето и развојот на лабораторијата на “Технолаб“ се одвива континуирано и паралелно и во делот на теренската и во делот на аналитичката лабораторија.

Денес, после 25 години посветена работа, со особена гордост може да се пофалиме дека лабораторијата на Технолаб има најголем број на акредитирани методи за тестирање во животна и работна средина и е првата од овој вид за испитувања во животната средина со имплементирани барања на техничката спецификација за мерење на емисија на загадувачки супстанции од стационарни извори МКТС CEN/TS 15675:2009.

Паралено работевме на имплементирање на системот за управување со животната средина ISO 14001 и системот за управување со здравје и безбедност при работа OHSAS 18001. Процесот за имплементација на основните системи за квалитет подоцна резултираше со интегриран систем ISO 9001, ISO 14001 и OHSAS.

Основната развојна стратегија на Технолаб е во насока на потврдување и унапредување на квалитетот на услугите кои ги нудиме како компанија - лидер  во областа на заштита на животната средина и заштитата при работа и истата се темели на следниве развојни принципи:

- Развој на ресурсите во смисла на вложувања во квалитетен кадар и вложување во   инфраструктура (работни простории и опрема)

- Развој на методи согласно препораките на националната регулатива и имплементирање на усвоените европски директиви и стандарди во областа на следење на состојбите со квалитетот на животната средина

Следејќи ја ваквата развојна стратегија континуирано вршевме проширување на опсегот на услуги кои ги нудиме со цел адекватно и навремено да одговориме на потребите на нашите клиенти, следејќи ги новите равојни стратегии за унапредување на технологијата во правец на заштита на животната средина.

Ме прашавте и за храброста што е потребна за да се влезе во водите на приватниот бизнис, како и за имањето претприемачки дух. Искрено кажано - потребни се огромни количества од овие две нешта. Во времето во кое јас почнав, пред 2,5 децении, немаше голем број жени кои се успешни во врвниот бизнис, а кои почнале од нула и создале респективни компании.  Доколку ја немав храброста да се втурнам во неизвесноста наречена приватна инвестиција, мислам  дека ќе останев ускратена за една голема успешна приказна - и како професионалец, но и како сопруга и мајка. Секако, овде неизбежна „состојка“ е и претприемачкиот дух, неопходен за секој што сака да стане лидер во својата бранша. Храброста и насоченоста кон претприемништво беа тие што ме водеа низ целиот процес на учење, борба и развој, тие се мои секојдневни придружници, без кои и денес не знам и не сакам да функционирам.

Знаете, ова се особини кои се општочовечки и важат не само за светот на бизнисот, туку и во секојдневните предизвици. На пример, мојата храброст да напуштам сигурна работа и да ризикувам да создадам нешто за кое немав никакви гаранции дека ќе успее, полека се преточуваше и во мојот приватен живот, особено во моментите кога семејството добиваше помал дел од моето време и внимание. И тогаш требаше да се биде храбра и да се решаваат проблемите во еден здив, без многу жалби и критики. За среќа, имам семејство кое е полно со љубов и разбирање, па така сите пречки ги минуваме заедно, поддржувајќи се еден со друг.

МАРИЛИ:  Кои се услуги ги нуди денес „Технолаб“ ?

ТРАЈКОВСКА ТРПЕВСКА:  Своите активности Технолаб ги извршува преку следните 4 сектори: Консалтинг во животна средина, Консалтинг за безбедност и здравје при работа, Акредитирана лабораторија за тестирање во животната и работната средина (теренска и аналитичка) и Едукативен тренинг центар.

Секторот за консалтинг во животна средина изработува:

-   Студиии за влијание врз животната средина

-   Стратегиски оценки на влијание врз животната средина

-    Апликации за добивање дозволи за А и Б еколошки дозволи

-    Елаборати за заштита на животната средина

-    Мониторинг на медиумите во животната средина ( воздух, вода и почва)

-   Изработка на стручни и научни проекти од областа на заштита на животната средина (Катастри на загадувачи на животната средина, Планови за подобрување на квалитетот на медиумите на животната средина, Елаборати за влијанието на домашните ложишта врз квалитетот на амбиентниот воздух и др.)

-    Планови и програми за управување со отпад

Секторот за безбедност при работа нуди услуги за:

- Проценка на ризик на работни места со Изјава за безбедност

- Обука на вработените за безбедност и заштита при работа

- Тестирање и контрола на опрема за работа

- Мерења и анализи на услови во работна средина

- Инспекција и тестирање на заземјување и електрична инсталација

- Изработка на студии (стручни документации) за остварување на право на стаж на осигурување со зголемено траење (бенифициран стаж)

- Проекти и елаборати за безбедност при работа и Планови за безбедност при работа.

Лабораторијата на Технолаб, како неопходна подршка на претходно споменатите сектори е првата акредитирана лабораторија во нашата држава за испитувања на квалитетот на животна и работна средина согласно меѓународниот стандард MKC ISO/IEC 17025:2006. Акредитирана е од 2008 година. Нашата лабораторијата се состои од теренска и аналитичката лабораторија. Компетентните тимови во состав на аналитичката и теренската лабораторија ги вршат следниве услуги:

- Тестирања и анализи во животната и работната средина,

- Мерење и мониторинг на загадувачки супстанции во воздух, вода и почва

- Контрола на квалитет на воздух

- Мерења на услови во работна средина (микроклиматски услови, физички и хемиски штетности)

- Анализи на површински и подземни води

- Категоризација и карактеризација на отпад и отпадна мил

- Испитувања за присуство на ПХБ во воздух, вода, почва и отпадни масла

- Испитување за присуство на БТХ во воздух, вода, почва и одпад.

Во периодот до денес, лабораторијата на Технолаб секоја година позитивно е оценувана од страна на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија во текот на редовните годишни надзори. Исто така, во овој период успешно поминавме и четири редовни надзори за ресертификација на нашата лабораторија, а на кои сме  особено горди, и со кои е потврдена компетентноста на нашата лабораторија и на меѓународно ниво. Во лабораторијата на Технолаб имплементирани се над 90 акредитирани методи за испитувања на медиумите и областите на животната средина и испитувања во работна средина. Тестирањата во лабораторијата на Технолаб се извршуваат од страна на компетентен и високо стручен персонал. Истата располага со опрема за земање на мостри и вршење на анализи на медиумите и областите на животната средина која е високо квалитетна и ги следи  најновите технологии во оваа област. Во изминатиот период значитено инвестиравме во нова опрема како во теренската така и во аналитичката  лабораторија. Во рамките на едукативниот тренинг центар, Технолаб нуди стручни обуки од областа на Безбедност и здравје при работа, (БЗР), експертски обуки за стручно оспособување на стручните лица за безбедност при работа и експертски обуки за управување и постапување со отпад.

МАРИЛИ: Главно сте фокусирани кон големите индустриски капацитети. Кои се одликите на вашето работење за да опстанете и бидете успешни и конкуренти долги години во овој сериозен сектор?

ТРАЈКОВСКА ТРПЕВСКА: Индустријата како значаен дел од националната економија е корисник на услугите кои ги нуди Технолаб, но сите компании со кои во изминативе 25 години сме оствариле соработка се еднакво значајни за нас. Наша заложба е на македонските компании согласно нивните потреби и барања да им понудиме достапни услуги преку кои ќе ги исполнат нивните законските обврски кои произлегуваат од законската регулатива за заштита на животната средина и заштитата при работа.  

Притоа, во нашата комуникација со корисниците на нашите услуги секогаш потенцираме дека законската регулатива го дефинира минимумот, но со заедничка соработка секогаш може пропишаниот минимум да се надмине што ќе придонесе до поголем бенифит за сите нас.

Сепак, сите сме дел од она што не опкружува како во животната средина така и во работниот простор. Во изминатиов период сме реализирале успешна соработка со странски инвеститори на проекти во нашата земја од кои дел се веќе реализирани, а реализацијата на дел од нив е во тек.

Нашата професионалност и компетентност при извршувањето на услугите кои ги нудиме се препознаени како од националните компании така и од странските компании кои инвестираат во проекти во нашата земја .

МАРИЛИ: Колку постојаната едукација и надградба за Вас и вашиот тим се важни за следењето на иновации во вашата дејност и колку сте присутни на конференции, едукации, обуки..? Наведете некои од позначјаните едукации во последниот период?

ТРАЈКОВСКА ТРПЕВСКА: Доколку „Технолаб“ не ги следеше сите светски современи текови и стандарди во примената на најновите достигнувања во заштитата на животната средина и безбедноста при работа, немаше повеќе од две децении успешно да опстојува на бизнис сцената, која не трпи импровизации и манипулации.