„КаСис“ – 25 години лидер за електронски плаќања и персонализација на картички
Интервју со Филомена Пљаковска Аспровска, главен извршен директор на „Интернационален Картичен Систем АД Скопје“ - КаСис.
Компанијата годинава прославува 25 годишен јубилеј и успешно работење на македонскиот пазар, како независен процесор за електронски плаќања и сертифицирано биро за персонализација на картички.
КаСис процесира над три милиони трансакции месечно и има интегрирано повеќе од 1600 е-продавници на нивниот систем.
Пљаковска Аспровска е докажана менаџерка со богато работно портфолио која е успешна и наградувана за нејзините успеси во континуитет.
МАРИЛИ: Од кога датира КаСис, кои се капацитетите и кон што е насочена главната дејност?
ПЉАКОВСКА АСПРОВСКА: Во 2026 година КаСис одбележува 25 години постоење и успешна работа на македонскиот пазар како независен процесор за електронски плаќања и сертифицирано биро за персонализација на картички.
Нудиме услуги за банки и финансиски организации во земјава и регионот, а нашата платформа за е‑трговија, cPay, овозможува сигурни интернет‑плаќања и скалабилни интеграции за е-трговците.
Овозможуваме процесирање на трансакции, со 24/7 сервисна поддршка на корисниците на банкарските мрежи АТМ и ПОС, со акцент на сигурноста, ефикасноста, безбедноста и континуираната достапност.
Може да се пофалиме дека процесираме над три милиони трансакции месечно и имаме интегрирано повеќе од 1 600 е-продавници на нашиот систем.
МАРИЛИ: Колку често се воведуваат нови стандари, иновации и современи технологии што придонесуваат за европски лик на Вашата компанија?
ПЉАКОВСКА АСПРОВСКА: Усогласеноста е дисциплина, не проект, а безбедноста е врвен приоритет. Затоа сертификациите и надградбите ги третираме како редовен ритам на работа, со придржување кон врвните стандарди PCI и 3‑D Secure и со интегрирани политики за информациска безбедност и квалитет. КаСис, како единствен сертифициран процесор во Македонија што процесира за четири големи картични мрежи: Mastercard, Visa, Diners International и American Express, претставува столб на довербата во локалниот платен систем.
Континуирано иновираме во интерес на клиентите, зголемување на нивните портфолија, истовремено запазувајќи ја безбедноста. Воведовме ePIN преку SMS, решение што им овозможува на клиентите безбедно да ги добијат своите ПИН-кодови без физички документи и без ризик од злоупотреба.
Нудиме услуга за автентификација на плаќање со еднократна лозинка како дополнителен слој на безбедност во онлајн плаќањата. Исто така, на нашите партнерски банки им ја овозможуваме услугата Систем за мониторинг на измами во реално време, која обезбедува целосна заштита на трансакциите на нивните клиенти 24/7. На ниво на продукти, еволуираме преку подобрувања на cPay, со фокус на сигурноста и едноставноста за трговците и корисниците. Наша цел е стабилна европска практика и едноставни и безбедни процеси за клиентите.
МАРИЛИ: Колку долго сте на менаџерска позиција? Како менаџер во компанија што е успешна во континуитет и има значаен импакт во развојот на македонската економија, според Ваше мислење, што е клучно за да се постигне успех на такво ниво?
ПЉАКОВСКА АСПРОВСКА: Ова е мој втор мандат како главен извршен директор и претседател на Управниот одбор. Успехот на компанијата го поврзувам со визијата, извонредниот тим и континуираното учење и иновирање. Тие се клучни компоненти што овозможуваат долгорочна стабилност и развој. Од витално значење се добрите партнерски односи, способноста за приспособување на пазарните услови, како и континуираната грижа за унапредување на квалитетот на услугите што ги нудиме.
На менаџерска позиција сум повеќе од 15 години, од кои веќе 6 години како главен извршен директор и претседател на Управниот одбор. Успехот на компанијата го поврзувам со визијата, извонредниот тим и континуираното учење и иновирање. Тие се клучните компоненти кои овозможуваат долгорочна стабилност и развој. Од витално значење се добрите партнерски односи, способноста за приспособување на пазарните услови, како и континуирана грижа за унапредување на квалитетот на услугите што ги нудиме.
МАРИЛИ: За успешна жена менаџер неизбежни се конзистентноста и континуираната работа. Кои Ваши лични карактеристики Ве донесоа таму каде што сте денес?
ПЉАКОВСКА АСПРОВСКА: Кариерата ја градев со многу посветеност и упорност. Мојот професионален развој почна со дипломирање на Електротехнички факултет - насока електроника и телекомуникации, но не запрев тука.
Постојано сум дел од бизнис-програми, обуки и едукации за професионален развој. Сметам дека континуираното учење е најголемата инвестиција што ја правам не само за себе, туку и за компанијата и општеството.
Како амбасадор на EWPN и член на советодавниот одбор на GEA Македонија, активно ги поддржувам жените во платниот сектор и секојдневно работам за да покажеме дека извонредноста нема пол, туку стандарди и резултати.
МАРИЛИ: Според Вас, каков удел во подобрувањето на женското лидерство, менаџерство и претприемаштво имаше манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, која се одржува веќе 30 години?
ПЉАКОВСКА АСПРОВСКА: Манифестацијата „Избор на Најуспешни жени менаџери“ веќе три децении придонесува за афирмацијата и поттикнувањето на женското претприемаштво и лидерство во Македонија.
Истакнувајќи ги успешните приказни на жени што придонесуваат во бизнис-заедницата, стимулира повеќе жени да се вклучат и да се развиваат во менаџерски улоги.
Оваа платформа ја нагласува важноста на родовата еднаквост и го промовира женското учество како важен двигател на економскиот и општествениот развој.
Чест ми е што сум дел од јубилејната година на „Изборот на најуспешни жени менаџери“.
Статијата е прочитана 196 пати.
























