Еднодневна сертифицирана обука „Прва импресија – како најдобро да се претставите“

Вебинарот ќе се одржи на 18 декември во хотел „Лаки“ во Охрид

 

На 18 декември 2021 година во хотелот „Лаки“ во Охрид ќе се одржи еднодневна обука со наслов „Прва импресија – Како најдобро да се претставите“. Вебинарот е во организација на Интернационалниот центар за емоционална интелигенција Охрид, во соработка со агенција „Марили“, Универзитетот во Ново Место и модното студио „Црнокрак“.

Обуката е наменета за сите оние што се заинтересирани за себе, пред другите „да ја искористат првата импресија“, за студенти, млади, родители, лидери, менаџери, носители на разни функции и други лица, а треба да им овозможи успехот и задоволството од „првата импресија“ да ја зајакнат нивната позитивна слика за себе и да го подобрат квалитетот на нивниот личен и професионален живот. Обуката има за цел да го разбие „митот“ за првата импресија, секогаш и секаде да се „победува“ во првата средба, да се врати самодовербата, да се подобри говорот на телото при создавањето на првата импресија.

Обуката ќе биде еднодневна и ќе се реализира преку 4 модули од по 60 минути (од 10:00 до 12:00 и од 13:00 до 16:00 часот). Предавачи ќе бидат проф.д-р Љупчо Кеверески, национален координатор на Интернационалното здружение за Емоционална интелигенција  Њујорк, Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција „Марили“, Светлана и Мики Црнокрак од модното студио „Црнокрак“, проф.д-р Љиљана Крњета од Босна и Херцеговина, проф.д-р Гордана Николиќ од Хрватска и проф.д-р Милан Јазбец од Словенија. Дел од учесниците ќе добијат линк за онлајн поврзување еден ден пред вебинарот.

Од организацијата велат дека при реализација на обуката ќе се користат Power Point презентации како и други современи методско-дидактички елементи, а посебен акцент ќе биде ставен на размената на практични искуства помеѓу учесниците и модераторите на сесиите.

Обуката ќе се реализира според највисоки стандарди кои се однесуваат  на препораките за заштита од КОВИД 19 со физичко присуство и преку онлајн. Физичкото присуство се однесува на 15-20 учесници и исто толкав број преку онлајн присуство.

За оние што физички ќе присуствуваат учеството на обуката чини 25 евра, односно 20 евра за тие што ќе се пријават 2 дена по добивање на информацијата, а за онлајн присуство учеството чини 20 евра, или 15 евра за пријавување 2 дена по добивање на информацијата. За повеќе од двајца учесници од исто семејство или организација има 20% попуст. За студенти  и постдипломци обуката чини 10 евра. За оние кои веќе посетиле 2 вебинара 20 евра физичко присуство или 15 евра.

Секој учесник на вебинарот ќе добие сертификат, како и подарок онлајн книга „Психологија на комуникација“ од ,проф.д-р Љупчо Кеверески и проф.д-р Јасмина Старц

Уплатата за учество на обуката треба да се направи на жиро сметката на Интернационален Центар за Емоционална Интелигенција (ИЦЕИ-Охрид)  Жиро сметка: 240 120 113 342 583 УНИ БАНКАУНИБАНКА

Реализацијата на обуката ќе биде мониториран од страна на Интернационалното здружение за Емоционална интелигенција, Њујорк САД, (International Society for Emotional Intelligence, Inc. (ISEI) New York, USA). 

Телефон за контакт: 070/264-787 и е-mail адреси: kever@mt.net.mk и кukoski.branko@gmail.com

 

Сите подетални информации околу вебинарот, прашањата и дилемите што ги отвора, како и целите на обуката може да ги видите на следниот линк: https://www.facebook.com/events/234254688789585


Статијата е прочитана 480 пати.

Сподели: