Михајло Филев, поддржувач на традицијата и културата и почесен конзул на Р.Србија во нашата земја

Интервју со Михајло Филев, четврта генерација на семејството Филеви што го изработува препознатливиот Охридски бисер. Во интервјуто говори за својата нова престижна и одговорна функција – почесен конзул на Република Србија во Република Северна Македонија, за заложбите и целите што ќе ги има Конзулатот, но детаљно ја раскажува и приказната за почетоците на изработка на оригиналниот бисер, како и за обврската да ја продолжи традицијата и да ја зачува оригиналноста на накитот изработен од бисер

 

 

МАРИЛИ: Госпидне Филев, Вие сте почесен конзул на неодамна отворениот конзулат на Република Србија во Охрид. Кои се Вашите заложби и цели за активностите што треба да ги има овој Конзулат?

 

ФИЛЕВ: Отворањето на Конзулатот во Охрид, нашиот културно историски бисер, преставува уште поголем подвиг во зближување на двата братски народи и држави. Но, ваквиот чекор не претставува мост за зближување, бидејќи мостот постои веќе со векови, туку претставува надградување со нови чекори за поуспешна афирмација и презентација на српската добронамерност и пред се, братската блискост покажана и докажана многу пати досега.

Токму тоа претставува и мојот главен мотив, но и мојата главна одговорност како почесен конзул на Република Србија во Република Северна Македонија, но во исто време и целосно задоволство, се со цел исполнување на одговорните задачи и нивно спроведување како еден вид верига помеѓу минатото и сегашноста за креирање значајна иднина. Историјата се пишува во сегашно време, а се чита во идно време. Како конзулт ветувам искрена добронамерност при спроведувањето на оваа почесна титула и отвореност кон секој оној на кого ќе му биде потребно делување од почесниот конзулат во градот Охрид.

Почесниот конзул ги опфаќа општините Охрид, Струга, дебар, Кичево, Дебрца, Центар Жупа и Вевчани. Целта ќе биде сите капацитети на овој регион, заедно со градоначалниците на овие општини и со граѓаните да изработиме низа проекти од општествено економско значење и во соработка со владите на двете држави да најдеме начин да ги реализираме.

 

МАРИЛИ: Како дојде до тоа да ја добиете оваа престижна и одговорна функција во која, покрај тоа што сте етаблиран културен амбасадор на нашата земја ќе треба да придонесете и за поголемо економско и пред се, туристичко поврзување на двете земји?

ФИЛЕВ: Моето именување за почесен конзул на Република Србија во Република Северна Македонија, поточно на Охрид и Охридскиот регион не е само признание лично за мене, туку за целиот регион, за нашиот природен, културен и за целокупниот потенцијал што го поседуваме.

Како културен амбасадор на мојата земја преку изработката на охридскиот бисер и филигран, традиција која ја пренесувам како четврта генерација на семејството Филеви, моите амбиции беа поголеми со заложби во областа на туризмот, но и во дипломатијата, за што одбранив и магистериум и така го трасирав патот до оваа почесна титула.

За мене ова претставува огромна одговорност за да се остварат зацртаните цели и проекти во насока на зацврстување на добрите односи меѓу двата народа, спојување на нашите културни вредности, унапредување на сите стопански и трговски гранки.

Македонија и Србија се братски народи со цврсто подадена рака, но тука има место за рацете и на другите братски народи во заедничкиот проект „Отворен Балкан“, проект за поубава иднина на Балканот и за иднината на нашите деца. Перспектиавата ја гледам токму во проектот „Отворен Балкан“, бидејќи потенцијалот на сите членки, што се уште не се дел од ЕУ, со заедничка соработка на сите полиња ќе го преточиме во успешен економски напредок во сите сфери. Тоа ќе биде нов балкански Бенелукс, кој подоцна ќе го интегрираме во Европската Унија. 

 

МАРИЛИ: Потекнувате од познато охридско семејство што негува една исклучителна традиција која претставува ретка привилегија. Имено, Охридскиот бисер е еден од препознатливите белези на Охрид, но тајната на неговата изработка како уникатен накит им е позната на малкумина. Од кога потекнува традицијата на семејството Филеви во изработката на охридскиот бисер и каква е приказната за почетоците на изработка на оригиналниот бисер?

ФИЛЕВ: Семејството Филеви е едно од постарите охридски семејства со богата семејна историја која датира од 1750 година. Нашите предци се занимавале со рибарство и трговија, а мојата гранка од стеблото ја претставува и продолжува мојот прадедо Никола Филев, кој како млад емигрирал во Австрија. Се занимавал со хотелиерство и бил член на задграничниот комитет на Македонската организација која помагала на револуционерите во Македонија. Се оженал за Австријка, Хермина Рајзингер и во 1909 година се родил мојот дедо Михајло Филев, кој кога имал 11 години во 1920 се вратил заедно со родителите во Охрид и отвориле сопствена кафеана кај Стариот Чинар. Во таа кафеана се родила тајната на Охридскиот бисер.

Се е судбина. Во тоа време се појавил еден руски емигрант, Јован Субанович кој станал голем пријател со прадедо ми Никола. Тој човек ја знаел тајната формула за изработка на емулзија од крлушките на ендедмската риба плашица, (латински назив Albidus Albornus Alborela) од Охридското езеро. Јован доаѓал од регионот на Бајкалското езеро во Русија кое е со иста флора и фауна како Охридското. Па така, во знак на пријателство и благодарност за грижата и помошта што му ја пружил прадедо ми, Јован му ја подарил формулата за да продолжи со занаетот за изработка на охридски бисер во Охрид.

 

МАРИЛИ: Каква е обврската за Вас, како четврта генерација на семејството Филеви да ја продолжите традицијата, но и да ја зачувате оригиналноста на накитот изработен од бисер?

ФИЛЕВ: Традицијата за изработка на Охридскиот бисер на семејството Филеви започнува во 1928 година, а сега е веќе препознатлив охридски и македонски бренд за кој знае целиот свет и е симбол и елемент на културата.

Четири генерации го граделе брендот макотрпно со многу предизвици низ годините. Јас, Михајло Филев, како четврта генерација изработувач на Охридскиот бисер уште од мали нозе гледајќи ги баба ми, татко ми како го работот занаетот во работилницата, среќавањето со клиентите, со туристите од сите меридијани, почувствував дека еден ден ќе треба да го понесам товарот на тајната и на занаетот. Се подготвував за тој момент, ја учев техниката, посебно бев воспитуван од родителите на сите елементи, на човековите доблести и квалитети, етики и морал, еснафски да се поставам како млад мајстор на занаетот и продолжувач на традицијата и најбитното, за претставување на македонската култура.

Секоја генерација го надградува занетот и секако, и јас бев фокусиран заедно со мојот семеен тим и соработниците да реализирам многу проекти во сферата на подобрување на техниката и квалитетот на бисерот, на креации и комбинации со филигран, вториот традиционален занает со бисерните модели за сите модни правци и многу проекти за афирмација на Охрид и Македонија преку Охридскиот бисер. Издадовме Монографија за Охридскиот бисер, помогната од Завод и Музеј Охрид и од Министерството за култура, направивме долгометражен документарен филм кој го прикажавме на Охридско лето, а сега се подготвуваме и за игран филм на истата тема, кој ќе го стилизираме со сите атрибути да биде достоен репрезент на македонската култура.

Конечно, заедно со семејството Талеви го сертифициравме Охридскиот бисер и го заштитивме во правна рамка како заштитен географски назив со код на патент формула која припаѓа на две семејства и тоа на меѓунардно ниво и како рамноправен светски бренд и член на Лисабонската декларација. Направивме и автентичен охридски пијалок коктел кој се вика „Еден бисер“ каде има мешалка со Охридски бисер која останува како подарок за конзументот.

 

МАРИЛИ: Според Вашето искуство, колку ваквиот уникатен накит има иднина, ќе има ли петта генерација која ќе се занимава со изработка на накит со охридки бисер, односно, дали долгата семејна традиција ќе ја продолжат Вашите деца?

ФИЛЕВ: Семејната традиција која ја наследив ја прифатив со огромна љубов, почит и обврска да ја задржам и надградам, секако и да ја предадам со истите норми и стандарди и на следната, петта генерација. Се надевам дека семејното воспитување ќе вроди со плод и кај моите деца, ќерките Мина (12) која е крстена на прабата од Австрија и Ирма (8) и кај синот Никола (5 месеци) ќе разбуди афинитет, љубов и желба да го наследат и продожат долгиот семеен традиционален занает.

 

МАРИЛИ: Вие сте голем почитувач на традицијата и духовноста на нашето поднебје. Дали е тоа предност во развојот на туризмот во Охрид и што треба да се стори повеќе во таа насока?

ФИЛЕВ: Охрид е навистина посебен град познат не само по охридскиот бисер, тоа е еден мал камен во богатиот мозаик од културата. Има богата природа која изобилува со сите посакувани природни содржини, планини и шуми кои го опкружуваат Охридското езеро, едно од најубавите во светот по сите карактеристики - од флора и фауна до бистрина на водата. Охрид има богата пишана историја и артефакти стари 5.000 години, бројни културно историски споменици и претставува религиски центар со 365 цркви. Со еден збор - град музеј под отворено небо. Секој камен има историја и мисла дека никој поет-мислител не може да го опише Охрид до крај, бидејќи е неисцрпен извор на енергија, тоа е град на светлината,тука Господ ставил рака преку многу светци и преродбеници.

Но, Охрид е доста променет во поглед на архитектуара, Чаршијата, плажите околу езерото, работата во туризмот и многу други содржини. Доаѓаат други генерации Секоја генерација си има спомени и сеќавања, но едно е битно - секој што живее во Охрид треба да го чува градот и да биде горд на се она околу него, бидејќи е привилегија што живееме тука,

Во Охрид треба да се посетат безброј места, но најкултни се Самоилова тврдина, Античкиот театар, Плаошник, Св.Јован Канео, Св.Софија, Св.Богородица Перивлепта, Охридскта стара чаршија и Стариот Чинар, Билјанини извори целата езерска ривиера, Наколното живеалиште кај Градиште се до Св.Наум и што уште не.

До сега Охрид од кога е независна Македонија секоја година бележи раст во туризмот, кој колку може инвестира, реинвестира во туристички капацитети, се отвораат нови итн. Сето тоа е позитивно и мотивирачки, сите влади се трудат да овозможат повеќе бенефиции и субвенции и тоа е добро. Но, мислам дека Охрид заслужува и може уште повеќе и во иднина да биде македонското Монте Карло, да биде најака карика и како и сите туристички центри, преку туризмот како најцврста стопанска гранка да го полни буџетот на Македонија, а со тоа да се инвестира во други економски гранки.

Тоа во Охрид може да се постигне и промени на следниот начин: да се направи независен тим што ќе се состои од професионалци кои се поврзани во туризмот, одговорни за реализација на проекти со средства помогнати од државата и Општината и кои ќе ги зголемат промотивните активности и содржини на севкупните неискористени потенцијали во Охрид и Охридско од општ карактер, независно дали се културно историски споменици или природни реткости. Се да се валоризира во нови содржини кои ќе остварат плус програма за привлекување и задржување на туристите, а со тоа и ширење препорака на светските туристички берзи за посета на Охрид. Да се подобрат условите и надградат веќе афирмираните места кои се посетуваат низ Охрид од туристите, маркетингот да се изработи по нови светски стандарди. Сите што се бават со туризам и секој граѓанин на Охрид е лицето на градот и амбасадор со неговиот однос кон странците. Со секоја услуга што ја продаваме или  ќе ја направиме да биде со добра намера и насмевка, на задоволство на туристите. Сето тоа е битна оценка и препорака за Охрид. Охрид е докажана и добра приказна, но ние сите треба да се потрудиме да ја направиме најдобра.

 

МАРИЛИ: И покрај бројните бизнис обврски, Вие сте и семеен човек. Колку семејните обврски Ве исполнуваат и дали имате време за некое хоби?    

ФИЛЕВ: Моите академски струки покрај занаетот се магистер по туристички науки и магистр по меѓународна дипломатија. Во овие две струки се пронајдов најреално за да можам да направам една симбиоза на сите мои квалитети во подобра промоција на занаетот како и на Охрид и на  Македонија. Секако, имам и хоби кон повеќе активности, но најповеќе ме исполнува играњето фудбал и свирењето гитара,

 


Статијата е прочитана 1311 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско