Со вендинг кафематите на „Интерфуд“ до перфектна шолја кафе

Интервју со Јасминка Вангелова, генерален менаџер на „Интерфуд вендинг кафемати“ во кое зборува за компанијата која пред 20 години постави нови стандарди на македонскиот пазар во однос на вендинг машините за самопослужување на топли и ладни напивки од светски брендови, за исклучително богатиот избор на производи со врвен квалитет од најпознатите и најреномирани производители на кафе, како и за трнливиот пат кон успехот исполнет со постојано надградување и следење на сите новитети

 

МАРИЛИ: „Интерфуд“ е најголема компанија со најдолга традиција на дистрибуција на кафемати, со почетоци од пред 20 години. Кажете ни како започна оваа приказна и каде сте денес?  

ВАНГЕЛОВА: Започнавме пред дваесетина години со сопствена идеја за семеен бизнис заедно со сопругот Дејан Вангелов. Сакавме да донесеме нешто ново, модерно, еднакво на светските стандарди и со долготрајна работа, многу труд и љубов ја остваривме нашата цел. Успеавме да поставиме нови стандарди на македонскиот пазар во однос на вендинг машините за самопослужување на топли и ладни напивки од најреномираните светски брендови. Нашата компанија е лидер на пазарот веќе 20 години. Во состав на фирмата имаме изложбен салон, овластен сервис и резервни делови. Располагаме со стручен кадар од 50 вработени и со сопствена дистрибуција. Главна цел на нашата фирма е насочување на знаењето и способностите првенствено на квалитетна услуга. Комбинацијата на квалитетна услуга и задоволување на желбите на корисниците се покажа како многу успешна. Се стремиме да бидеме синоним за најдоброто кафе-решение во Македонија. Секако, нема да застанеме тука, ќе продолжиме да ги следиме случувањата во светот од областа на вендинг програмата и ќе се потрудиме секогаш да бидеме најдобри. 

МАРИЛИ: Какви производи нудите, што најмногу се бара и каде ги пласирате различните типови кафемати?

ВАНГЕЛОВА: Како увозници имаме широка палета на програмата вендинг, вендиг автомати за кафе и кондиторски производи, репроматеријали за нив, но располагаме и со голем избор на кафемати за канцелариска и домашна употреба. Секако се стремиме кон совршенство на напивка кафе и затоа користиме производи со врвен квалитет од најпознатите реномирани производители во светот на кафето. Предност на вендинг автоматите /кафематите е подготовка на кафе за краток временски период од 15/20 секунди, со што се заштедува работно време, практични се и не заземаат многу простор, а благодарение на современиот изглед се вклопуваат во секој ентериер. Застапени сме во мали компании, училишта, факултети, па сѐ до голем број фабрики во нашата држава. Моќни сме да одговориме и да се приспособиме на потребите на нашите клиенти. Вкусовите и потребите на нашите клиенти се различни, но сѐ досега успешно, одговорно и навреме ги исполнуваме нашите обврски. 

МАРИЛИ: Колку е специфичен домашниот пазар во смисла на прифаќањето нови производи и навики, со оглед дека бевте авангарда со вендинг кафематите, а денес нудите исклучително квалитетни видови кафиња?

ВАНГЕЛОВА: Пазарот во нашата држава е малку специфичен во поглед на новитети, вкус, приспособување со цени и квалитет, се бориме со сите предизвици и мислам дека некако сме најповолни кога станува збор за целосна услуга. Потребно ни е малку време  додека на клиентите им објасниме дека вендинг програмата не е само производ како кафе, туку дека ова е сложен процес што има свој тек. Покрај кафето како артикал, на автоматите има и нагодување и во однос на тоа реагира и врши надградување нашиот тим од сервисот за да се добие перфектната шолја кафе, а секој љубител на добро кафе може да го препознае тоа. Со малку повеќе труд и време успеваме да го решиме и ова. Со текот на времето ИНТЕРФУД стана познат бренд во државава со нашата комплетна услуга спакувана во готов производ. Секој што обожава кафе веројатно е наш верен клиент, а оние што не го пробале нашето кафе, слободно нека повелат. 

 

МАРИЛИ: Што е пресудно за да напредува жената во кариерата?

ВАНГЕЛОВА: Сметам дека за една успешна жена да напредува во кариерата пресудни се, пред сѐ, целите што се поставени, личните карактеристики како упорност, истрајност, самоиницијативност, способност за преговарање и решавање на проблемите. Исто така, една од главните алки во мојот успех е поддршката и мотивацијата од мојот сопруг со кој заедно ја градиме оваа наша успешна приказна, разбирањето од моите деца и, секако, мојот успешен стручен и одговорен тим со кој работам, од овие луѓе ја црпам целата позитивна енергија и затоа чекорам сигурно и смело.

Патот кон успехот не е секогаш лесен, но јас лично се трудам да ги надминам сите проблеми што се пред мене, се надградувам, читам, посетувам семинари, едноставно, се трудам да бидам во чекор со сите  новитети. Сакам да го достигнам врвот и затоа не дозволувам што било да ми застане на патот. 

 

МАРИЛИ: Колку семејниот бизнис претставува предност за да се реализирате успешно и како менаџер, но и како семејна жена? Дали имате слободно време и како го минувате?

ВАНГЕЛОВА: Ќе бидам искрена и ќе кажам дека не е едноставно да се води бизнис, но секако е големо задоволство. Патот до успехот не е лесен, имаше подеми и падови, но сето тоа е дел од работата. Во моментов нашиот семеен бизнис е една успешна реномирана компанија, се надевам дека нашите деца ќе нѐ следат и ќе ја продолжат низата на успехот. Настојувам слободното време да им го посветам на моето семејство и на пријателите. Како мајка и сопруга секогаш наоѓам време да им посветам максимално внимание, да ги воспитувам моите деца и да ги насочувам на вистинскиот пат.  Кога нешто се сака, може да се постигне, само потребна е добра организација на времето.

 

 


Статијата е прочитана 1406 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско