Саемот на мебел ќе се одржи од 29 март до 2 април во „Борис Трајковски“

Саемот за мебел годинава ќе се одржи под мотото „Разбуди ја естетиката во себе“ од 29 март до 2 април во комплексот „Борис Трајковски“. Саемот ќе го користи целокупниот внатрешен затворен капацитет, како и монтажни објекти што ги задоволуваат критериумите на саемско претставување. Просторот ќе биде соодветно адаптиран по највисоки стандарди.

Саемското претставување ќе трае пет дена и се очекува на него бројни домашни производители на мебел да ги претстават своите најнови изданија, како и интернационални брендови кои се присутни на пазарот преку нивните застапници.

Саемот на мебел е една од најатрактивните манифестации поради концептот сè на едно место и поради оригиналните идеи за уредување на домот.

Скопски саем ги најавува и следните два пролетни саеми: Саемот на книгата, кој ќе се одржи од 4. до 10. мај 2023 и ќе го одбележи својот 35. јубилеј. Во периодот од 7. до 9. јуни 2023 ќе се одржи и Саемот за транспорт на кој ќе бидат претставени товарни и комерцијални возила.

 


Статијата е прочитана 238 пати.

Сподели:


КБ Прво пензиско