Медија Консалтинг на меѓунардониот саем во Белград, промовирани три нови туристички понуди од руралниот и културниот туризам

Медија Консалтинг на меѓунардониот саем во Белград 23 – 26 февруари 2023 година, ги промовираше трите нови туристички понуди од руралниот и културниот туризам:

1. Уникатен престој во спомен куќата на Петре М. Андреевски;

2. Билкилајф – Хербална куќа, прва куќа на билките; и

3. ТУФ –  дневна ексклузивна тура – лов на тартуфи.

На саемот учествуваа околу 350 изложувачи од 33 земји, меѓу кои 8 држави од африканскиот континент и Кина, како земја партнер, вклучително и Северна Македонија, учествуваа под слоганот „Кога е одмор, не е тешко“. Рекорден број на коегзибитори ги промовираа туристичките понуди на македонскиот штанд.

Во рамките на саемските денови,  Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Ресен, Општина Крушево и Општина Охрид  ја прикажаа природната убавина, богато културно наследство и гурманско искуство, заедно со ХОТАМ, „Глобус травел“, хотел „Мизо“ и „Медија консалтинг“, со промоција на нивните три нови туристички понуди од културниот и руралниот туризам. Саемот беше посетен од делегација на македонски туроператори и хотелиери, како и претставници од Универзитетот за туризам и менаџмент кои  земаа учество во Б2Б состаноците, промовирајки нови пакети и атракции, отварајќи можности за исполнување на целта за 2023 година од 3,2 милиони ноќевања со повеќе од 550 милиони долари промет од туризмот и угостителството во македонската економија.

Саемот беше одличен спој на нови искуства и туристички понуди, во чекор со современите трендови во туризмот. Беа претставени  голем број популарни светски дестинации со  разновидна туристичка понуда, автентични сместувачки капацитети прилагодени на современите туристи.

Најновите трендови во меѓународната туристичка индустрија, како и иновативните концепти и перспективи во развојот на туристичкиот бизнис, беа теми кои  ги обединија и деловните посетители и љубителите на патувањата. На Саемот, учествуваа најзначајните туристички агенции, здруженија, организации, хотели, туристички центри, транспортни компании и меѓународни туроператори.

Српскиот пазар е еден од најбрзо растечките пазари за македонскиот туризам споредбено 2019/ 2022 година. Во 2022 година 11% од странските туристи односно повеќе од 63 000 туристи и повеќе од 130 000 ноќевања оствариле српските туристи, наметнувајки ја потребата од интегриран маркетинг и зајакнат промотивен пристап во 2023 година.

Воведувањето на авионската линија Белград - Охрид четири пати неделно од јуни, преставува голем предизвик и можност, која треба да овозможи продолжување на позитивниот раст и во 2023 година на српските туристи.

Во рамките на  Саемот, директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски оствари значителни средби со повеќе државни и дипломатски делегации, претставници на туристички организации, агенции, од кои се најавуваат нови соработки, со цел промовирање на Македонија како туристичка дестинација.

Воедно,  се одржа и презентација во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со малите семејни винарии и ИМЕ- Програма за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската амбасада, пред туроператорите и српските медиуми, за  презентирање на  ено- гастро концептот, како нова туристичка понуда и можност за неколку дневно незаборавно патување по македонските мали винарии.


Статијата е прочитана 894 пати.

Сподели: