АСП -ПАК Охрид - 1.000 плетени производи од полиетилен достапни на пет континенти

Интервју со Спасе Спасески, менаџер за развој во АСП-ПАК од Охрид. Компанија од Охрид која произведува околу 1.000 производи што се употребуваат во повеќе индустрии: земјоделие, градежништво и продажба на мало. Во интервјуто Спасески зборува дека преку своја застапничка мрежа АСП-ПАК активно учествува на пет континенти, односно на 46 пазари во светот, извезуваат во 15 земји членки на ЕУ, на Балканот, во Израел, Јужноафриканската Република, САД, Канада, Чиле и Аргентина, додека пак преку дистрибутерска мрежа ги пласираат своите производи и во Австралија, Јужна и Централна Америка.

 

МАРИЛИ: АСП-ПАК е семејна компанија што започна локално, а во изминативе две децении стана глобално ориентирана. Со што точно се занимавате и на кои пазари пласирате свои производи?

СПАСЕСКИ: Компанијата е основана во 2000 година и започна со green-field инвестиција во опрема за производство на плетени производи од полиетилен за пакување земјоделски производи.

Почетната инвестиција на АСП-ПАК од еден милион долари е со годишен капацитет од приближно 140 тони плетени производи, 25 нови вработувања и примарен пласман на три пазари и тоа: домашниот, во Македонија, потоа во Србија и Албанија.

Во изминативе 23 години во производствените капацитети на АСП-ПАК се инвестирани повеќе од 30 милиони евра, вработени се 150 квалификувани работници и персонал со над 80 висококвалификуван стручен кадар. Годишниот капацитет на производството е зголемен за 30 пати од иницијалниот.

Производното портфолио се состои од приближно 1.000 производи за кои има примена во повеќе индустрии и тоа: земјоделие: пакување земјоделски производи, заштита на насади и оранжерии, Harvest Nets - маслинки и лалиња; градежништво: скелски мрежи, предупредувачки мрежи за БЗР, заштитни мрежи за товари; Retail: заштита и брендирање на спортски терени, декоративни тенди за сенка, retail пакувања за овошје и зеленчук.

Денес, 99 % од годишните приходи од сопственото производство АСП-ПАК ги обезбедува од извоз. Преку своја застапничка мрежа активно учествуваме на пет континенти, односно на 46 пазари во светот, извезуваме во 15 земји членки на Европската Унија, Балканот, Израел, Јужноафриканска Република, САД, Канада, Чиле и Аргентина, додека преку нашата дистрибутерска мрежа нашите производи се пласираат и во Австралија, поголем број држави во Јужна и Централна Америка.

МАРИЛИ: Вие сте една од ретките компании што 15 години пласира на израелскиот пазар. Што значи да се развие мрежа на набавувачи во оваа земја? Каков е ефектот од менаџмент искуството со израелскиот пазар и дали во Вашето работење ги имплементирате иновациите?

СПАСЕСКИ: За пазарот на Израел важи еден познат епитет - tough market, односно „тежок пазар“. Тоа најмногу се должи на фактот дека Израел е географски мала земја со развиена инфраструктура, пазарот е зрел во многу сектори, во одредени индустрии и сектори постои регулатива на ниво на државата со која се заштитува домашното производство од конкуренција, но не треба да ги изоставиме и културолошките одлики на израелскиот народ што, од една страна, влезот на пазарот го прават тежок, но, од друга страна, доколку имаме mindset на вредна и смела работа, фокусот прво повеќе го ставаме на заедницата во која живееме отколку на самите себе, а тие ни обезбедуваат сигурност на долг рок на тој пазар.

АСП-ПАК работи на 46 пазари, тоа се 46 различни култури, но во сите земји работиме со исти и сродни сектори, така што во изминативе 23 години бевме во можност многу добро да ги осознаеме одликите и спецификите на работата.

Генерално, во своето производство АСП-ПАК има усвоено два технички стандарда, во согласност со потребите на пазарите, работиме по европски стандарди што исто се прифатени на пазарот во Израел или, пак, по американски стандарди што важат во САД, Канада, Средна и Јужна Амерка.

МАРИЛИ: Вие сте дел од младата, напредна генерација што дава свој придонес во развојот на компанијата според светски стандарди. Колку Вашите знаења и визија помогнаа полесно да се надминат актуелните кризи? Кажете ни нешто повеќе за инвестициите во обновливите извори на енергија?